Заврши Европското првенство за кадети во Самоков, Бугарија, за македонските борачи, по денешните настапи. Крисијан Славевски е поразен во репасажот 0-4 од грузискиот борач Гиорги Натобиѕе.
Исто така и Марија Спирковска и Марија Неделковска претпрпеа порази во дебито на ЕП. Тие се поразени 0-10, односно туш.
На ова првенство забележваме две победи.
На ЕП учествуваат борачи од 34 земји.
Резултати:
51 кг Омер Јусуфи – Флоријан Рихтер (Германија) 4-11
55 кг Арон Николов – Игор Кравчински (Полска) 10-0
Арон Николов – Субхан Сафалари (Азербејџан) 0-10
60 кг Арбен Сејди – Хенрик Аветисјан (Ерменија) 0-10
65 кг Харбин Ахмети – Вилијам Данис (Словачка) 7-2
Харбин Ахмети – Марсел Наџи (Унгарија) 1-12
71 кг Кристијан Славевски – Алу Духаев (Русија) 0-10
Репасаж
Кристијан Славевски –Гиорги Натобиѕе (Грузија) 0-4
110 кг Теодор Георгиев – Ксацери Кацпер (Полска) 0-4
Жени
43 кг Марија Спирковска – Јелизавета Кулакивска (Украина) 0-10
57 кг Марија Неделкоска – Лота Ветенранта (Финска) 0-10