Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, изразува задоволство од настапот на на Абдурахим Идризи (-55 кг) кој вчера го освои златниот медал во јуниорска конкуренција на Карате 1 Малдинската лига во Умаг, Хрватска. Идризи во финалето го совлада Максим Краснов од Русија со 7-2.
„Идризи забележа пет последователни победи и заслужено го освои златниот медал од ова највисоко рангирано натпреварување кое го организира Светската карате федерација (ВКФ). Најубедливи се победите во полуфиналната и финалната борба, кога буквално ги декласираше своите противници и со голема бодовна разлика успеа да се качи на победничкиот пиедестал. Идризи со своето учество на последните првенства, докажува дека постепено прераснува во голем карате потенцијал на кој ќе може да смета Македонија во иднина“, изјави Бошко Заборски.
На Младинската лига на ВКФ со учествуваа на 1874 натпреварувачи од 74 држави од целиот свет.
Резултати
-55 кг
Абдурахим Идризи – Лукас Томас (Германија) 0-0
Абдурахим Идризи – Мирнес Аговиќ (Босна и Херцеговина) 3-0
Абдурахим Идризи – Максим Падолски (Белорусија) 2-2
Абдурахим Идризи – Никита Филипов (Украина) 5-0
Финале
Абдурахим Идризи – Максим Краснов (Русија) 7-2
https://www.facebook.com/abdurahim.idrizi/videos/2160521013972232/
Ipon.mk