Заборски и Павлов ги одмерија силите со светската елита на Топ тен во Сараево, триумфираше Енес Гарибовиќ

Викендов во Сараево се одржа првиот Топ тен турнир на Гранд при Сараево со учество на 12 најдобри каратисти од светот (во извонредна организација, светско ниво, врвни светски имиња од карате спортот). На Топ тен турнирот со 12 учесници од 9 држави, имаа чест и привилегија да учествуваат и двајца наши каратисти Петар Заборски и Емил Павлов.

Спортистите беа поделени во четири групи со по три спортисти, најдобриот од групата одеше во полуфиналните борби.

Петар Заборски првиот натпревар го загуби од треторангираниот спортист на Светската ранг листа и третопласираниот од последното Светско првенство во Дубаи, Азербејџанецот Асиман Гурбанли во една многу интересна и пожртвувана борба која заврши со резултат 1-3. Во вториот меч Заборски го победи Риад Џухо од БиХ со ист резултат 3-1, но тоа не беше доволно да помине во вториот круг од натпреварот.

Вториот наш спортист Емил Павлов ги загуби двата натпревари, најнапред од Ерман Елтемур – Турција 0-1, а потоа и од освојувачот на овој турнир Енес Гарибовиќ од Хрватска со 1-4.

На Топ Тен турнирот првопласиран е Енес Гарибовиќ, Хрватска, втор е Константинос Мастрогианис од Грција, а трети се Анџело Квесиќ, Хрватска и Асиман Гурбанли, Азербејџан

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON