Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, е задоволен од настапот на неговите каратисти во составот на македонската репрезентација за кадети, јуниори и У-21 која на Балканското првенство во Дубровник, Хрватска, освои 18 медали – 6 златни, 3 сребрени и 9 бронзени, а клубот партиципираше со двајца прваци Петар Спасеновски и Абдурахим Идризи и една бронза на Глигор Петков.
„На ова првенство заминавме максимално подготвени и бевме решени да направиме голем успех. Сакам да истакнам дека во голема мерка успеавме во планираното. Резултатите секако дека можеа да бидат и поголеми, само ако првиот ден се обезбедеше тренерска акредитација за уште еден наш тренер, кој ќе ги предводеше докажаните спортистки Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска, кои, за жал, останаа без медал, иако минатата година беа финалистки.На првенството имаше многу голема конкуренција, правилата дозволуваат од секоја држава да се пријавуваат најдобрите 4 спортисти во секоја тежинска категорија. Тој податок сам по себе зборува дека многу тешко е да се освои медал на ова натпреварување. Бидејќи ова првенство имаше и критериумски карактер, успеавме да избориме 5 (пет) места во репрезентацијата на Македонија, која ќе земе учество на Европското првенство во месец февруари 2019 година во Алборг, Данска. Тој момент за нас беше и најважен како краен резултат од ова натпреварување“, изјави Заборски
На Балканско карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У-21) учествува 12 балкански држави со 889 натпреварувачи.
Според Заборски, најуспешен натпреварувач на ова првенство е Петар Спасеновски, затоа што во највозрасната натпреварувачка категорија на постари јуниори (У-21) го освои златниот медал.
„Неговата доминација беше на многу високо ниво, така што во пет последователни борби неговите противници не успеаја да освојат ниту еден поен, а тој освои дури 13 поени.
Абдурахим Идризи е вториот спортист кој успеа да освои златен медал кај јуниорите во категорија -55 кг.
Со бронзен медал се закити Глигор Петков, кој немаше среќа да влезе во финалето, бидејќи при нерешен резултат 1-1, беше неправедно дисфалификуван на само 15 сек, до истекот на борбата“, вели тренерот на Макпетрол.
Патот до медалите за каратистите на Макпетрол во репрезентацијата на Макеоднија:
Постари јуниори -84 кг (У-21) Петар Спасеновски – златен медал
1.Петар Спасеновски – Самед Гок (Турција) 1-0
2.Петар Спасеновски – Ренато Ресетар (Хрватска) 5-0
3.Петар Спасеновски – Нтерос Анастасиос (Србија) 1-0
4.Петар Спасеновски – Бојан Јовановиќ (Србија) 5-0
5.Петар Спасеновски – Хамза Цајиќ (БиХ) 1-0
Јуниори -55 кг Абдурахим Идризи – златен медал
1.Абдурахим Идризи – Никола Лазовиќ (Србија) 4-3
2.Абдурахим Идризи – Јаков Фембер (Хрватска) 3-0
3.Абдурахим Идризи – Марко Михајловиќ (Србија) 3-0
Финале
4.Абдурахим Идризи – Мухамед Сумар (БиХ) 3-0
Јуниори +76 кг Глигор Петков – бронзен медал
1.Глигор Петков – Мустафа Михаел (Србија), 8-8
2.Глигор Петков – Карачиќ Адријан (Хрватска) 3-0
3.Глигор Петков – Дедовиќ Муниб (Босна и Херцеговина) 5-1
4.Глигор Петков – Недиќ Саша (Босна и Херцеговина) 1-1 дисфалификација
5.Репасаж за бронза Глигор Петков – Клобаса Алекс (Словенија) 10-2