Забележителен успех на кендо репрезентцаијата на Балканскиот куп во Подгорица

На 15-от Балкански куп во Подгорица, Црна Гора, Македонија со 19 натпреварувачи во сите категории имаше забележителен успех со шест одличја – 1 сребро и 5 бронзи.

Освоени се повеќе медали:

сребрен и бронзен во пионерска конкуренција, бронза кадети и јуниорсиот тим (Чоланчевски, Крстевски и Илиоски), како бронзите на сениорските тимови жени тим ( Андоноска, Атанасовска и Лазаровска) и мажи (Александров, Ивановски, Бичковски, Кесковски, Пешков и Атанасовски (резерва).

На турнирот настапија Црна Гора, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Грција, Бугарија, Романија и Турција.

Резултати:

Пионери
1.Илија Стаматовиќ – СРБ
2.Меланија Крстевска – МКД
3.Михаил Миленковиќ – МКД

Кадети
1.Огњен Стаматовиќ – СРБ
2.Богдан Данчиу – РОМ
3.Матеј Илиоски – МКД

Јуниори (без претставник)
1.Вукашин Крстиќ – СРБ
2.Лука Косор – ХРВ
3.Молдовеану – РОМ

Жени
1.Дора Јокиќ – СРБ
2.Астериа Акила – ГРЦ
3.Роза Јаки – СЛО

Мажи
1.Андрија Вучиниќ
2.Андреј Милошевиќ – СРБ
3.Алин Мокану – РОМ

Тимови
јуниори
1.Црна Гора
2.Хрватска
3.Македонија

Жени
1.Србија
2.Грција
3.Македонија

Мажи
1.Турција
2.Црна Гора
3.Македонија

Состав на репрезентацијата пионери 8-12 год.: Максимилијан Климоски, Михаил Миленковиќ и Меланија Крстевска.

Кадети 13-15 год.: Јована Андоноска, Гордан Чоланчевски, Матеј Илиоски и Димитар Крстевски.

Жени: Ангела Атанасовска и Ивона Лазаровска.

Мажи: Андреј Александров, Матеј Ивановски, Олег Бичковски, Александар Кесковски, Владимир Пешков, Глигор Дубровски, Дарко Велковски, Дино Конески и Пеце Андоноски.

Тренер: Андреј Атанасовски.

„Во овие тешки моменти за нашата држава успеавме да покажеме силен борбен дух и да ја презентираме во поинакво светло. Горди сме на успесите, но ни остануваат два месеци подготовки до елитното натпреварување, Европското првенство во кендо кое ќе се одржи во Леиден, Холандија“, велат од нашиот табор.

На Балканскиот куп имаше официјално полагање за степени на кое 5-мина репрезентативци ги добија следните звања:

Ангела Атанасовска 2-ри дан
Андреј Александров 2-ри дан
Олег Бичковски 2-ри дан
Ивона Лазаровска 4-ти дан
Матеј Ивановски 4-ти дан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON