Забава за 2 милиона долари: Мејведер дошол со ново „Бугати“ и фрлал пари на гостите

Откако со технички нокаут во 10-тата рунда победи во рингот, Флојд Мејведер го надмаши Конор Мек Грегор и во лумпувањето по мечот.

Иако изгуби, Ирецот приреди голема забава во Лас Вегас на која до мугрите славеше 30 милиони долари што ги заработи од борбата. Но, како што можеше да се претпостави, Мејведер имаше нешто поспектакуларна забава.

Флојд само за „потребите“ на овој меч пред мерењето купи црвен Bugatti Grand Sport Convertible од 2012 година, кој е единствениот таков примерок во светот. Го платил 3,5 милиони долари, а со него по борбата дошол на забавата во сопствениот стриптиз клуб со име „Грл колекшн“ (Колекција на девојки).

Иако не пие, Мани обезбедил стотици шишиња од најдобриот пијалок, а во неколку наврати од неговиот ВИП дел на обичните смртници фрлал илјадници и илјадници долари. Сето тоа го пренесува на Инстаграм, а забавата го чинеше околу два милиони долари, колку што Мејведер заработи за 20 секунди од борбата со Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON