За третиот Меморијален меѓународен турнир во борење слободен стил и женско борење „Љупчо Црвенкоски – Црвенио“ најавени се околу 250 борачи од осум држави.
Како што невдуваат од БК 7 Мај Леов, досега ова е најголем турнир за деца во Македонија што ќе се одржи на 9 и 10 август во Прилеп.
Меморијалниот турнир се одржува во чест на поранешниот борач и борачки судија кој почина на 27 години.