За прв пат во Македонија – Летен камп за возрасни +40

Во периодот од 5 до 10 јули, оваа година за прв пат ќе биде организиран летен камп за возрасни.

Кампот ќе го организира Доџото за традиционални јапонски самурајски и нинџа вештини – Буџинкан Македонија, под водство на учителот Игор Довезенски.

Настанот ќе биде наменет за сите возрасни лица над 40 години кои сакаат да направат пауза од секојдневието и да се поврзат со себе, со природата и со луѓе со сличен дух.

Кампотќе биде идеален за оние кои чувствуваат дека им недостасува време за себе, како и за сите кои сакаат да се одморат на село, далеку од градската врева, во тивка и автентична средина. Ќе биде идеален за лицата кои бараат начин за повторно воспоставување на внатрешниот мир и рамнотежа и се интересираат за личниот раст, едноставниот живот -надвор од брзото темпо на градот. Дружбата ќе биде неформална со луѓе од различни професии, кои делат слични вредности.

Важно е да се истакне дека овој настан е отворен за сите кои поседуваат отворено срце и подготвеност да се егзистира без его. Кампот не е туристичка дестинација, туку искуство што се живее. Доживување за сите кои сакаат нешто подлабоко, потивко, поискрено.

Кој е Игор Довезенски?

Игор Довезенски, познат македонски учител по класични јапонски самурајски и нинџа вештини е уникатна личност која ги спојува боречките традиции, традиционалната култура и духовниот развој во една цврсто исткаена структура поделена подеднакво меѓу знаењето и праксата.
Тој не е само инструктор за боречки вештини, туку и учител за животот во хармонија, инспириран од источната и од македонската традиција.

1. Нинџутсу, аикиџуџутсу и буџутсу – повеќе децении активен практичар и инструктор за традиционалните јапонски боречки уметности. Во неговата школа не се учат само физички техники, туку многу повеќе се изучува мудроста, стратегијата и дисциплината на духот.

2. Хоџутсу (Уметност на традиционално јапонско стрелаштво со мускета) – еден од ретките практичари на оваа историска боречка вештина, поврзана со стоицизам, трпеливост и фокус.Претставува мост меѓу јапонската воена традиција и духовната хармонија

3. Филозофија и духовност –Довезенски подучува за внатрешниот пат, трансформацијата преку боречките вештини и живот исполнет со достоинство. Неговите учења се поврзани со природниот ритам, самоосознавањето и доблеста.

4. Поезија и пишување – автор на книги, стрипови, поетски и есеистички дела кои допираат длабоки егзистенцијални теми.Неговите текстови честопати носат мирис на древна мудрост, но напишани на јасен, современ начин.

5. Организирање духовни и образовни настани–учител на кампови, ретрити и обуки каде се спојуваат телесната и духовната дисциплина.Секој настан под негово водство е ритуал, искуство и учење во едно. Довезенски е симбол на „автентичната машка зрелост“, учител што ги поврзува боречките традиции со животниот пат и инспирација за оние кои сакаат тивка сила и длабочина во движењето и во зборот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON