За мечот Џошуа-Пулев останаа само уште 1.000 од 80.000 билети

Боксерскиот дуел меѓу Ентони Џошуа и Кубарт Пулев предизвика огромен интерес кај публиката која веќе купи 79 илјади билети. Достапни се уште околу 1.000 влезници за спектаклот во кој ќе учествуваат бранителот на титулите од ВБА и ИБФ и ИБО верзиите Џошуа и предизвикувачот Пулев од Бугарија.

Борбата е закажана за 28 октомври на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, Велс.

Цените на билетите се од 80 и до 530 фунти. Ако сакате да го гледате Кубрат Пулев против Ентони Џошуа, а билетот да ви стигне дома ќе треба да платите дополнителни 40 фунти за испораката.

Британецот досега ги има добиено сите 19 борби во неговата професионална кариера, додека Пулев на 26 меча само еднаш е поразен, во 2014 година од Владимир Кличко.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON