Кикбоксерите од Македонија се закитија со 7 медали – 2 златни и 5 сребрени на Меѓународниот турнир „ВАКО Балкан опен“ во Тешањ, Босна и Херцеговина.
Златни медали освоија Марко Тодоров и Енсар Хусеини од Шампион, а со сребрени медали се закитија Викторија Варадинова и Туркер Исмаил од Шампион, Павел Стојчевски – Ас -два и Давид Јовчевски – Гладијатор Скопје.
На турнирот настапуваат натпреварувачи од 10 држави.
„Би сакал да ги издвојам Марко Тодоров, Енсар Исеини и Туркер Исмаил, како најпожртвувани борци на турнирот кои оставија голем борбен впечаток кај публиката и кај мене“, вели претседателот на Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија и селектор, Дејан Митровски – Урко, кој е итренер на КБК Шампион.
Резултати
К-1, сениори, -63,5 кг
Марко Тодоров – Дајан Ивановиќ (БиХ) 3-0 финале
Лоу кик, постари јуниори, -86 кг
Енсар Хусеини – Фарис Џано (БиХ) 3-0
Финале
Енсар Хусеини – Бенјамин Мемија (БиХ) 3-0
Лоу кик, сениори, -65 кг
Викторија Варадинова – Милјана Шариќ (Србија) 0-3 финале
Кик лајт – постари кадети, -47кг.
Туркер Исмаил – Мухарем Пилав (БиХ) 2-1
Финале
Туркер Исмаил – Тарик Рашиќ (Црна Гора) 1-2
Иван Кукуновски – Тарик Рашиќ (Црна Гора) 1-2 четвртфинале
Лајт контакт -постари кадети -52кг
Павел Стојчевски – Иван Николиќ (Хрватска) 0-3
Поин фајт – постари кадети, -52 кг
Павел Стојчевски – Азиз Плавиќ (БиХ) 10-1
Финале
Павел Стојчевски – Мехмед Крупиќ (БиХ) 8-15
Кик лајт – постар кадет +69кг.
Давид Јовчевски – Доминик Маглишиќ (Хрватска) 2-0
Финале
Давид Јовчевски – Ахмед Мехмедовиќ (БиХ) 0-3