За Државното бокс првенство во Битола се пријавени 16 клубови, a се возобновува „Битолски победник“

Како што најавивме, во сабота и недела во Битола ќе се одржи 30.Државно првенство во бокс за сениори, младинци, јуниори и кадети во организација на БК Пелистерски јунак и Националната бокс федерација.

Полуфиналните борби  на програмата се во сабота, а во недела финалните со почеток во 16 часот.

Државното прввенство ќе се одржи во салата „Боро Чурлевски“.

За Првенството досега се пријавени 16 клубови, од друга страна, некои боксери се заболени од сезонски грип.

На Државното во Битола ќе се возобнови турнирот Битолски победник  на кого се очекува да настапат и боксери од Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО