За 24 часа Георгиевски стана џудо шампион и прв во таеквондо на „Софија опен“

Dejan Georgievski borba DP Dzudo 2016 prilep

Натпреварувачите на Таеквондо клубот Бутел кои во саботата остварија извонредни резултати на „Софија опен“ во Бугарија максимално се анагжираа денска да стигнат на Државното џудо првенство за кадети и деца во Прилеп. И, не зажалија.

Таеквондистите на Бутел кои настапуваат за ЏК Вардар јуначки се носеа со сите предизвици,патот, заморот и противниците, посебно Дејан Георгиевски.

Butel vo Sofija na boriliste site 2016

 Георгиевски стана државен шампион во апсолутна категорија во кадетска конкуренција, при што извојува две победи. Дејан е апсолутен државен шампион во два олимписки боречки спортови.

Иван Крстевски (-60 кг,кадети) освои сребрен медал со три победи од кои една со брилијантен суплекс и една перфектна полуга, а Филип Додевски се задоволи со бронзен медал со две победи и еден пораз. Од клубот велат дека несреќни околности го делеле од злато. Ненад Мрчковски и Марко Аврамовски имале одлични настапи со по една победа.

„Браво за храброста, браво за пожртвуваноста, браво за борбениот дух, барво за Македонија“, велат од ЏК Вардар!

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON