WBC го преадаптира логото за да го вклучи знамето на Саудиска Арабија

Саудиска Арабија се етаблира како нова престолнина на професионалниот бокс, менувајќи го Лас Вегас како преферирано место за најголемите борби. Борците и промоторите се повеќе се упатуваат кон Ријад, каде саудиската влада и инвеститорите обезбедуваат рекордни хонорари.

Влијанието на Саудиска Арабија врз боксот достигна нов врв откако Светскиот боксерски совет (ВБЦ) го промени своето лого по втор пат во својата 62-годишна историја за да ја истакне растечката улога на кралството во спортот. Зелено-златниот појас на ВБЦ, кој се смета за најпрестижен од четирите главни титули, сега ја отсликува новата реалност – големите борби и невидените наградни фондови се на Блискиот Исток.

Забележлива е и промената во политиката на ВБЦ. Додека во последниве години организацијата го блокираше учеството на руските и белоруските борци поради војната во Украина, во октомври Русинот Дмитри Бивол доби исклучок и му беше дозволено да го предизвика сонародникот Артур Бетербиев за обединета титула во полутешка категорија (175 фунти). Нивната прва средба во Саудиска Арабија беше исклучително профитабилна, а следниот месец тие двајца повторно ќе се соочат во Ријад за сите четири главни појаси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО