Вжосек: Уадрите на Бадр Хари не беа доволно силни за мене

Полската кик бокс ѕвезда Аркадиуш Вжосек тврди дека ударите на Бадр Хари не биле доволно силни за да го нокаутираат. Пред неколку часа Глори ја објави втората битка меѓу нив. Хари и Вжосек ќе се борат на настанот Глори 80 што ќе се одржи во Белгија на 19 март.

Во нивната прва битка во септември 2021 година, Хари доминираше и три пати го нокаутира својот помлад противник. Аркадиуш продолжи да се витка од болка, но наоѓаше сила во себе и стануваше по секој нокдаун.

Хари тргна во потрага по нокаут и го спушти гардот. Ова му овозможи на Вжосек да зададе висок удар и да го нокаутира во втората рунда. Тоа беше еден од најголемите пресврти во историјата на кикбоксот, а нокаутот стана нокаут на 2021 година.

„Ударите на Бадр Хари во нашата борба не беа силни и смртоносни. Не беа доволно силни и смртоносни за мене“, рече Вжосек пред втората средба.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON