„Вуковар опен 2018“ бериќетен за каратистите на Куштрими, Елди Кан и Ринија (ФОТО)

Каратистите на трите македонски клуба Куштрими, Елди Кан и Ринија освоија вкупно 20 медали во саботатат на „Вуковар опен 2018“ во хрватскиот град херој Вуковар.

На турнирот учествуваа околу 400 спортисти од 4 балкански држави.

Куштрими од Скопје освои 6 медали од кои 3 златни (Емир Рамадани У-12 -42кг, Рудина Алиу У-14 -50кг и Џејлане Јахии У-14 -55кг), сребрени освоија (Азра Абдулахи Јуниорка +54 кг и Медин Дема ката, кадети) кој учествуваше и во јуниорска конкуренција, каде што дојде до бронза.

Ринија од Матејче имаше 7 финалиња и освои 6 злата (Фисник Шаќири, Арсим Абдулахи во пионирска конкуренција, Нејази Бакии кадет, Нејази Муслии Јуниор, додека Омер Муслии и во кадетска и во јуниорск конкуренција) Недим Шаќири во пионерска конкуренција одвои сребро.

Елди Кан од Скопје освои медали и во кати и во борби. Три златни во екипна конкуренција во кати во комбинирани тимови со Дардан Динарица, Мугни Села, Анди Лимани, Осман Чајани и во еден тим имаа помош од Медин Дема од Куштрими. Сребрен беше Дардан Динарица, а бронзени се Мугни Села, Оаман Чајани и Нуредин Османи во индивидуална конкуренција.

На турнирот судеше Самир Салиев од Куштрими, кој според главниот сидија одлично ја вршел задачата и достојно ги претставил македонските судии.

Тренерите Ирфан Алиу од Куштрими, Сефуљ Османи од Ринија и Селим Динарица од Елди Кан изјавија дека се задоволни од прикажаното на спортистите, од организацијата и јавно изразија благодарност до КК Вуковар ’91 и до Аљко Идризи за одличната координација и организација.

„Организацијата во Вуковар беше беспрекорна, од сместувањето во хотел, по до посетата на историските места во Вуковар. На крај положивме цвеќе на меморијалните гробишта на паднатите херои од војната. Јавно им се заблагодаруваме на претседателството на КК Вуковар ’91, господата Дарко Рубчиќ и Оливер Јукиќ за одличниот пречек“, изјави организацискиот секретар на КУАМ, Идризи..

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON