Вудли: Ако Дана Вајт не ми се извини, ќе почнам да откривам доверилви срања за УФЦ! (ВИДЕО)

Иако Тајрон Вудли ја одбрани титилата во велтер категорија победувајќи го убедливо Демијан Маја на УФЦ 214 минатиот викенд, ретко кој му стисна рака на овој УФЦ-ов „проблематичен“ шампион. Всушност, повеќето навивачите жестоко го критикувана поради конзервативниот пристап на мечот и калкулантските тактики, а најжесток очекувано беше неговиот шеф Дана Вајт.

Бесен заради релативно досадната борба во „коглавниот“ настан на така голема приредба, претседателот на УФЦ изјави дека Вудли требало да го заврши Маја или во првата или во втората рунда, но дека тоа не го направил, бидејќи не сакал ниту малку да ризикува. Вајт отиде подалеку и му порача на својот шампион „дека навивачите не сакаат да го гледаат“.

Со тоа односите на Вајт-Вудли повторно го достигнаа дното, откако се чинеше дека двоецот конечно дојде на „зелени гранки“ последните неколку недели пред УФЦ 214. Како што обично и бива, незадоволни борци во УФЦ својата говорница секогаш ја наоѓаат во Ариел Хелавни и емисијата ММА час. Вудли тоа го направи во понеделникот и тоа откако ја доби дијагнозата дека во мечот му пукнала тетивата на рамото. Затоа бара извинување од Дана Вајт и тоа јавно. Или …

„Не ми е гајле за навивачите, но ако твоја работа е да бидеш промотор, тогаш ебано промовирај ги на своите борци. Промовирај го својот шампион. Не гази го. Веќе во првата рунда го истегнав моето рамо и оттогаш не можев да фрлам моќни удари. За сите оние кои не знаат што е истегната тетива на рамото, нека одат на Гуглe или на Википедија и нека дознаат. Останав мирен, го следев инструкциите и тактиките, останав фокусиран и приведов мечот до крајот. Морав да го намалам бројот на ударите, не можев да се фрлам свингови и аперкати, сè што носеше болката во рамото. Така што морав да фрлам само директи“, го започна своето излагање УФЦ шампионот.

„Така што …, простете однапред. Лут сум затоа што имав една операција порано. И не е многу забавна, не се равоти за нешто од кое може побрзо да се опоравите. Ќе се обидам да добијам второ мислење од лекар. Во овие секунди сум во Убер и излегов од лекарска ординација, само пред неколку секунди. В рака ми се наодите. Така што барам јавно извинување. Ако ме плукаш јавно Дана Вајт, тогаш и јавно ќе се извиниш“.

Шампионот на УФЦ бара извинување од неговиот шеф или на јавноста ќе и открие работи кои не се поволни за неговиот работодавач. Со едноставен речник, Вудли го уцени УФЦ!

„За овој спорт само правам добро. Бев пример за целата организација. Кога се борам, се борат со целото мое срце. Една недела пред мечот работев за телевизијата Фокс. Секогаш одработував сите обврски спрема организацијата. На тоа дојде крајот. Зад зборот работа стои зборот маж. Мора да бидеш машко, ми должиш јавно извинување. Ако не го добијам, ќе почнам во јавноста да пуштам на срања кои луѓето не сакаат да се надвор. Јас не се шегувам“, потврди Вудли кој не сакаше да зборува за деталите „тајните кои ќе ги открие за УФЦ.

На Вудли очекувано му засмета и промената на плановите на Дана Вајт за повратничкиот меч на поранешниот шампион на УФЦ во полусредна категорија – Жорж Сент Пјер. Пред неколку дена претседателот на УФЦ јавно му го вети на Канаѓанецот победникот од Вудли – Маја. Но, вајт по УФЦ се предомислил и повторно се актуелизира мечот Биспинг – ЖСП.

„Дана и јас немаме лош однос. Дури и не особено лут на него, само ми е должен извинување. Еднаш кога ќе ми се извини, сè е во ред. Работата е што јас знам што да очекувам од којбило човек. Така што никогаш не ја очекував средбата против ЖСП. Ме слушнавте на прес-конференцијата. Рече ако победам, ќе добијам шанса со ЖСП. Не рече доколку победиш на импресивен начин или ако победиш со нокаут или ако го принудиш да се предаде или ако му го разбиеш лицето. Рече АКО ПОБЕДИШ. Тоа беа неговите зборови. Дали сум изненаден? Дали ме видОВТЕ да реагираа негативно кога дознав дека Биспинг ќе го добие тој меч? Не, затоа што веќе го знаев тоа. Слушнав на подкастот на почетокот на оваа недела кога зборуваа за ЖСП и Биспинг. Тоа не влијаеше на мојот меч, бидејќи веќе знаев дека се е договорено“.

На крајот Вудли заклучи …

„Јас нема да раскажувам за Аманда Нунеш или Деметриус Џонсон. Тоа ми се пријатели и секако дека секогаш сакаш се најдобро за нив. Но, сакам да функционирам на поинаков начин. Ако нешто не е во добро, потргни ме настрана и кажи ми. Не плукај ме јавно. Ти би требало да ме промовираш. Не можам селективно да промовирам одредени борци и одредени шампиони. А други, кои се борат во најтешката конкуренција во светот не го добиваат тој третман. Па тогаш добијте го тоа оние кои се најмалку спортисти, кои зборуваат срања, кои фрлаат шишиња со вода, кои се најмалку професионални … најмногу се промовираат и тие се најдобро платени. Дали е ова се уште спорт?“

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON