Вториот тест на Поветкин покажа дека не земал никаков допинг!

alexander-povetkin-gard

Вториот допинг тест на Александар Поветкин не укажа на никакво земање на нелегални средства, кои, најверојатно, ќе бидат игнорирани резултатите од првиот тест, оној поради кој е откажан негвиот планиран меч против Бирмејн Стиворн.

Поветкин минатиот викенд требаше во Москва да се бори против Бирмејн Стиворн. Сепак, само два дена пред почетокот на средбата се појавија резултатите на допинг тестот, кои покажаа дека рускиот боксер е позитивен на супстанцата остарин. ТСтанува збор за допинг тестот на земена мостра на 6 декември.

Меѓутоа, сега се појавија резултатите на мострите земени една недела подоцна, според кој Поветкин е целосно чист. Тој на крајот не се бореше против Стиворн, откако ВБЦ се повлече од натпреварот од мечот, туку го совлада заменскиот противник.

Сега на потег е ВБЦ, кој еден тест ќе мора да го игнори. Во повеќето случаи, позитивниот тест автоматски ги елиминира негативниотр, но рускиот тим се плашат дека американското лоби ќе дејствува на тоа да се игнорираат резултатите од вториот тест и Бирмејн Стиворн веднаш да се поврзе со Дионтеј Вајлдер. Интересно, Поветкин веќе имаше слична ситуација, токму кога требаше да се бори со Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON