БК Пинк Пантер е поразен во второто коло на Регионалната бокс лига од Радник од Бјелина (БиХ) со 12-4.
Гоце Јанески забележа уште една победа за штипјани, а втората ја обезбеди Александар Ристевски.
Во дербито на колото, Сесвете славеше против Лазревац/Металац со 10-6, а Лозница-Славија заврши 10-6.
По првите две кола Сесвете е со две победи, а потоа следуваат Радник, Лозница, Војводина/Спартак со по една победа и Пинк Пантер, Металац и Славија се без боддови, односно победи.
Радник – Пинк Пантер 12-4
–56 кг Захир Хоџиќ– Александар Ристевски
-60 кг Шакири Себастијан – Денис Муаремовски
–64 кг Слободан Митровиќ – Мухамед Кадриев
–69 кг Адем Фетаховиќ– Дејан Ристевски
–75 кг Раденко Томиќ – Гоце Јанески
–81 кг Џемал Бошњак – Никола Арсов
–91кг Елвир Сендро – Марко Доциќ
+ 91 кг Дасо Симеуновиќ – Димитар Ташков
Ipon.mk/В.Д.