Претседателот и потпретседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Бетим Вренези и Дејан Богаднов, денеска имаа средба со првиот човек на Обединетото светско борење (ОБС/UWW), Ненад Лаловиќ, во неговото седиште во Вевеј, Швајцарија.
„Меѓу другото, разговаравме за организацијата на Светското првенство за ветерани, унапредување на борењето во Македонија, како и зајакнување на односите на ФБСМ и Обединетото светско борење“, истакнуваат Вренези и Богданов.