Вренези/Богданов: Очекуваме два медала од Светското првенство за ветерани!

На Светското првенство во борење слободен стил во Скопје, од утре до недела, претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Бетим Вренези и Дејан Богданов, потпретседателот на ФБСМ, очекуваат најмалку два медала од нашите 20-тина борачи, и тоа од Трајан Ангелов и Рамадан Шабани.

„Не значи дека од другите не очекуваме, но тие се борачи со искуство кои учествувале на првенства. Ќе истакнам дека конкуренцијата е голема, бидејќи ќе се борат во конкуренција на искусни натпреварувачи од Русија, Иран, Монголија, Јапонија и други“, рече Вренези на денешната прес-конференција во Агенцијата за млади и спорт на која и се заблагодари поддршката, но ја нагласи и довербата на Обединетото светско борење (ОСБ/UWW).

На СП во Скопје ќе учетсвуваат над 300 борачи од 30 држави.

Директорот на АМС, Дарко Каевски, не се сомнева во организацијата на СП, нагласувајќи дека имаме традиција во овој спорт, како што се олимписките медалисти Шабан Трстена, Шабан Сеиди, Зоран Шоров, па Киро Ристов и други. Тој ги повика љубителите на борењето да повелат во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и да ги гледаат борбите на мајсторите на душекот.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON