Вратарот за инцидентот со Дилон Денис: Поарно да ја покажеше личната карта, а не да се силеше па да се предаде (ВИДЕО)

Дилон Денис се посрамоти во неочекувана ситуација и тапкаше со раката со знак дека ја предава борбата со еден од редарите на ноќен клуб во Њу Џерси, за што се дигна голема галама.

Целата ситуација е срамна за ММА борец, кој е познат како спаринг партнер на Конор Мек Грегор, но има и две професионални борби.

Данис не сакал да покаже документ дека е полнолетен на влезот на ноќниот клуб во Њу Џерси и потоа се обидел и со тупаници да се пробие, но доби одлична лекција.

Редарот не се исплаши и набрзина го легна на под ММА борецот, па Данис мораше да тпака со рацете како да е во ринг и ја предаде неочекуваната борба во ситуација за која самиот е виновен.

Човекот од обезбедувањето и покрај тоа што не е виновен му се извини на Денис, а објасни дека само културно му побарал на ММА борецот да покаже документ сека е полнолетен.

„Културно го замолив да ми покаже лична карта, или возачка дозвола, но тој се силеше со закани. Врескаше дека е познат ММА борец, ми покажуваше фотографии, но јас само си ја вршев работата. Потоа се обиде да ме удри, но промаши и јас го фатив за вратот. Да не се предадеше ќе го успеиве за секунда до две“, изјави редарот, кој успеа да го скроти насилникот, познат најмногу како спаринг-партнер на Конор Мек Грегор.

https://twitter.com/philthemmadude/status/1440719447090622468?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1440719447090622468%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fpodbro-da-ja-pokazheshe-lichnata-karta-mma-borets-se-sileshe-pa-ja-predade-borbata-so-redarot-vo-noken-lokal-video%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON