Враќањето на Владимир Кличко во рингот спречено од руската агресија

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко изјави дека враќањето во рингот е откажано поради војната во Украина.

46-годишниот Кличко се повлече од спортот во 2017 година откако загуби во 11 рунди од Ентони Џошуа на „Вембли“ и сега во разговор со Пирс Морган открива дека планирал да му се јави на Тајсон Фјури за можен реванш за мечот во кој „Џипси кинг“ го совлаа во 2015 година.

„Мислев дали да му пуштам твит на Тајсон Фјури: „Последен танц“? Тој сакаше да се пензионира и ќе имавме убав римеч. Но, тоа не се случи бидејќи во мојот ум сега светот е сосема поинаков. Се прашував дали сум подготвен да умрам кога руската војска беше во близинта на Киев. Да не бев подготвен, ќе си заминев. Киев е град од 5 милиони, но тогаш беше празен, и можевме да слушаме само експлозии“, вели Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON