На крајот на минатата година беше организиран уште еден голем боксерски настан во Саудиска Арабија.
Настанот во Ријад беше предводен од мечот меѓу Ентони Џошуа и Ото Валин, во кој поранешниот светски шампион го совлада Швеѓанецот по петтата рунда.
Во конасловната борба Џозеф Паркер со одличен настап постигна убедлива победа над поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.
Бронзениот бомбардер не ги оправда очекувањата и со тој пораз го загуби големиот меч против А.Ј., кој беше договорен за март.
Познатиот промотор во боксот Френк Ворен тврди дека на Вајлдер му треба еден одличен настап за да добие борба против Џошуа.
Вајлдер изгледаше како ранет борец. Слушнав дека имал некои изговори за лошиот настап, но вакво нешто не смее пак да си допушти. Ако се повтори, готово е. Мислам дека многу се мачи за неговото враќање во борбите“, рече Френк Ворен, додавајќи:
„Не знам колку е сега извесен мечот меѓу АJ и Вајлдер. Идејата би можела да заживее само ако Вајлдер биде онаков како што сите го знаеме. Мора да биде одлично“.