Вонредното Собрание на Боксерската федерација ќе се одржи на 27 јуни

bokseri na 13 noemvri 2015-11-12 13.33.31

Од Иницијативниот одбор на боксерските клубови во Македонија соопштија дека денеска Управниот одбор на Босерската федерација на Македонија го закажала свикувањето на вонредното Собрание за 27 јуни во Скопје во просториите на Факултетот за физичка култура.

Пред неколку дена Иницијативниот одбор достави барање до БФМ за свикување на вонредно Собрание поради влошената состојба во Федерацијата, а суспенијата од страна на АИБА поради неплатена членарина за две години ја прелеа чешата. Поради ова нашите боксери Гоце Јанески и Јасин Лама не можат да учествуваат на Светското првенство. Од друга страна, „Златниот гонг“ беше избришан од каленадарот ЕБУЦ.

Од Иницијативниот одбор истакнуваа дека речиси сите клубови ја поддржуваат иницијативата за вонредно Собрание и дека имаат кандидат за претседател. Сега оваа функција ја врши Војо Настевски.

Со последните измени на Законот за спортот на 28 март оваа година е предвидено „лицето што ја претставува федерацијата, може да биде избрано најмногу два мандати последователно и истото може повторно да биде избрано по истекот на временскиот период од најмалку еден полн мандат. Доколку во моментот на престанување на мандат на лице што ја претставува федерацијата, сметката на федерацијата е блокирана најмалку 30 дена, лицето чиј мандат престанува не може да биде повторно избрано“.

Мандатот на лицето што ја претставува федерацијата во моментот на влегувањето во сила на овој закон, му се засметува како прв мандат на кој е избранo на должноста.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON