Вонредното Собрание го избра Љубиша Пешко за претседател на Вардар, на суд ќе се расчистува кој е кој

Иницијативниот одбор на Боречкиот клуб Вардар (крилото предводено од Љубиша Пешко) го одржа вонредното Собрание на кое нов претседател со акламација е избран токму Љубиша Пешко. Избрани се и нов Управен одбор, Надзорен одбор и усвоени одлуки за финансирање на клубот, програма за работа.

Собранието донесе одлуки за поведување кривична постапка против членови на поранешното раководство на Вардар, а сега дел и од признаеното водство од Централниот регистар, од Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), како и покренување постапка пред Централниот регистар. Претходното изборно Собрание е прогласено за нелегитимно.

Пешко најавува борба по судски пат. На вечерашното Собрание имало повеќе видни гости како Насе Насев, Шабан Сеиди, Назми Али, Гајдар Гајдаров и други.

Да потсетиме дека пред неколку месеци се одржа изборно Собрание на кое Чедо Николовски беше избран за претседател на клубот, а Централниот регистар на Македонија го призна неговиот избор за легитимен, иако дотогашниот претседател Далибор Милановски беше со спротивни мислења.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON