Бегството на Вондерлеј Силва од допинг тест, му донесе многу главоболки, дури беше суспендиран од натпревари до крајот до животот. По многу скандали и дела, Спортската комисија на Невада го ублажи тонот и му изрече помала казна – три години суспензија.
Првата казна фактички значеше крај на кариерата на Силва, но сега единствено знаеме за мечот меѓу него и Федор Емилијаненко, за кој во последно време многу се зборува, сепак нема да се случи оваа година.
Трите години откако се случи инцидентот истекуваат на 25 мај 2017 година.