Вондерлеј Силва потпиша договор со Белатор ММА

Vonderlej silva udira

Од Белатор MMA се горди да објават дека еден од најпознатите, легендарен и сакан борец, Вондерлеј Силва, потпишал повеќегодишен договор со организацијата. 39-годишниот гладијатор имаше повици од целиот свет, но шампионот во средна категорија претпочита да ги покаже своите вештини во Белатор ММА.

 Порано Бразилецот се бореше во некои од најпознатите неверојатни средби, на кои сме сведоци. Битките со Кинтон Џексон, Тито Ортиз, Мирко Филиповиќ, Витор Белфорт, Дан Хендерсон, Казуши Сакураба, Чак Лидел и Мајкл Биспинг се легендарни, но Силва смета дека е даеку од завршувањето на кариерата.

 Трофејот на Силва во средна категорија во Прајд ФЦ се дополнува и со други награди, како Fight of the Year (2003, 2004, 2007), KO of the Year (2008), како и бројни награди Fight of the Night кои ги заработи, вклучувајќи ги последните три средби. Сега треба да продолжи со пополнување на колекцијата од признанија и зачудувачка дуели во кафезот на Белатор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON