Вондерлеј го откажа настапот, бесниот Кро Кап му се заканува со тепање надвор од рингот:„Кукавица, а некогаш вистински убиец“!

silva-kro-kap-faca-vo-faca

Сепак, се чини дека на крајот на годината во Саитама арена нема да го гледаме на третото продолжение на борбата меѓу Мирко Филиповиќ и Вондерлеј Силва.

Бразилскиот борец го откажа настапот, но оваа разочарувачки вест, како и својата реакција на тоа, Кро Кап одлучи веднаш да ја споделите со своите навивачи.

„Штотуку добив порака од Ризин дека Вондерлеј Силва се исплашил и ја откажал борбата со мене за Нова година, а се колнам дека пред некој ден му реков на Стипе Дрвиш ори имам чувство дека овој ќе ја ескивира борбата. И утрово добив порака. Каква кукавица е тоа, беше храбар кога ме прозва во јули дека сака борба со мене во првиот круг на турнирот. Беше храбар кога држеше предавање на прес-конференцијата по мојата последна борба како ние двајцата ќе приредиме борбата  за паметење. Не е срамота да се исплашиш, ниту и да го загубиш мечот, но срамота е да глумиш мангуп, а знаеш дека немаш намера да се бориш.

Јас навистина не го сакам валканото зборување, но Вондерлеј Силва, ако се појавиш во Јапонија во која било  улога, освен да се бориш со мене, така ќе те натепам и тоа таму каде што прв пат ќе те видам. Било во хотелот, било во Саитама арена. Некогаш беше вистински убиец во рингот и бескомпромисен борец, а сега си само „исплашен хоми/‘scared homie’ “, пишува Филиповиќ на својот Фејсбук профил.

Да потсетиме, Мирко и Вондерлеј требаше да се сретнат на 29 декември во четвртфиналето на Ризин турнирот во отворената категорија. Во моментов не е познато дали Кро Кап оди директно во полуфиналето или ќе му се додели нов противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON