Волкановски сонува за голем реванш со Топурија

Шампионот на УФЦ во перо категорија Александар Волкановски (27-4) сè уште се надева на реванш со Илија Топурија (16-0), од кого ја загуби титулата во фвруари минатата година, паѓајќи со нокаут во втората рунда.

По успешната одбрана Илија доброволно се откажа од појасот и се префрли во лесна категорија (до 70,3 кг), а Волкановски си ја врати слободната титула, победувајќи го Диего Лопез во април на УФЦ 314.

Сега Алекс сонува дека ќе може повторно да се бори со Топурија, ако го освои појасот во лесна категорија.

„Во мојот идеален свет, би имал реванш за да си ја вратам титулата“, рече Волкановски и додаде:

„ Но, не беше судено да биде. Мора да се почитува она што го прави: откако заврши во перо категорија, сака да ја освои лесната категорија. Па, нека си ја работи работата. А тогаш можеби ќе го направиме тоа (да имаме реванш) во лесна категорија… Замислете ако ја земе титулата, а потоа имаме реванш во лесна категорија. Ох, не може да биде ништо повеќе од тоа“.

Треба да се истакне дека Волкановски веќе двапати се бореше за титулата во лесна категорија и двата пати беше поразен од Ислам Махачев – на поени и со брутален нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON