Александар Волкановски не планира борбата да трае пет рунди во претстојната одбрана на шампионскиот појас во перо категорија против Брајан Ортега. Мечот е главен на борбената картата на УФЦ 266 кој ќе се одржи во недела (26 септември) во 4 часот по македонско време.
Шампионот рече дека е во одлична форма и дека веќе целосно се опоравил од Ковид-19.
„Отсекогаш сум бил сигурен во работата што треба да ја извршам, но во моментов мојата самодоверба е на сосема друго ниво, каде што победата едноставно не е доволна“, рече Волкановски (22-1).
Ова ќе биде втора одбрана на титулата за Волкановски и втор обид на Ортега да дојде до неа. Нивниот судир беше закажан за март годинава, но беше одложен откако на Волкановски беше позтивен на ковид-19. Двајцата потоа ја преземаа улогата на тренери една сезона во серијата Ултимејт фајтер.
„Да излезеш и да победиш е добро, луѓето секогаш се сеќаваат на победниците. Но, од друга страна, треба да направиш уште едно барање – да излезеш и да се забавуваш, тоа е она што ќе го паметат луѓето“, рече шампионот.
Волкановски има девет борби во УФЦ. Шест од неговите победи беа со одлука и само три со технички нокаут.
„Знам дека Ортега е борец кој тешко може да се заврши, но како што реков – ќе излезам и ќе се обидам порано да го завршам мечот“, се закани Волкановски.
Тој ја освои титулата со едногласна одлука и ја одбрани со едногласна одлука.
„Овој пат се работи за забава“, рече Волкановски и додаде: „Сакам да излезам таму и очигледно ќе излезам и ќе победам, но во исто време сакам да го правам тоа лудо. Сакам да излезам и навистина да испратам порака“.