УФЦ 303 неодамна остана без „главен настан“ по откажувањето на борбата од Конор, па организацијата мораше брзо да реагира и да најде адекватна замена за претходно најавеното. Алекс Переира и Јиржи Прохаска го прифатија предизвикот и го спасија овој настан, па работата не пропадна.
Борецот кој и на УФЦ му понуди „да го спаси денот“ е, погодувате, Александар Волкановски. Волкановски вчера откри дека ги понудил своите услуги на УФЦ, но, сепак, на крајот е благодарен што го одбиле и решиле да ангажираат друг:
„Им кажав дека ако им треба некој, да ми се јават. Доброволно ја кренав раката. Видов дека некои луѓе зборуваат за тоа, па решив да го направам тоа. Некои ќе мислат дека сум луд, но се вратив на тренинзите и возбуден што ќе се вратам во борба. Затоа доброволно кренав рака“, изјави Волкановски на својот канал на Јутјуб, а потоа продолжи:
„Меѓутоа, на крајот, јас не бев тој. Не добив повик. Се сетија што кажав претходно оваа година и ми рекоа да одморам уште малку. Тие останаа на својот план и верувам дека на овој начин малку ме чуваа. За тоа мора да ги почитувате, иако навистина сакав да го спасам денот“.
Волкановски всушност најави малку подолга пауза по поразот од Топурија, па веројатно е попаметно да го оставиме да закрепне уште малку пред новата борба. Моментално има два порази по ред, а борбата со „краток рок“ само дополнително би ризикувала трет, што воопшто не би било добро.