Волкановски против Лопез со специјални шорцеви на кои го има македонското знаме (ВИДЕО)

После повеќе од една година, Александар Волкановски се враќа во УФЦ октагонот и ќе биде дел од претстојниот спектакл во Мајами, случување во кое повторно ќе се натпреварува во својата природна, перо категорија.

Австралиецот со македонско потекло ќе ги одмери силите со Диего Лопез претстојниот викенд, а пред закажаното традиционално мерење, „Алексадар Велики“ им обелодени на фановите во каква опрема ќе го гледаме во откагонот.

Волкановски претрпе три порази на четирите последни борби во УФЦ и дефинитивно гори од желба да извојува победа, па откако не доби шанса да има реванш со Топурија, негов следен ривал ќе биде Бразилецот Лопез кој е шест години помлад од Алекс.

36-годишниот Волкановски и во минатото има потенцирано дека се гордее на своите македонски корени, а оваа недела ќе биде во фокусот и поради специјалните шорцеви кои му ги подготвиле за најновата битка.

На опремата на Волкановски е испишано „Александар Велики“ на грчки јазик, но изгравирано е и македонското знаме за кое очигледно има огромни симпатии.

https://twitter.com/ChampRDS/status/1909722775121437157

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON