Волкановски потврди: Мојата следна борба во перолесна категорија сигурно ќе биде за титулата, но ќе видиме што ќе се случи со Пориер

Нападот на титулата во перолесна категорија е секако нешто што тој го сака, а мечот против Пориер секако би бил огромен.

Александар Волкановски во февруари годинава доживеа тежок пораз и губење на титулата од младиот Илија Топурија. Топурија славеше со нокаут во втората рунда и со тоа ја постигна најголемата победа во кариерата досега, а пребрзото враќање по нокаутот од Махачев многумина го препишаа на поразот на Волкановски.

Сега Волкановски реши да ја „нагази топката“ и да одмори уште малку пред да се врати во кафезот на УФЦ, а вчера изјави дека уште еднаш почувствувал голема желба што поскоро да се врати на борбите. Покрај тоа, рече дека неговата следна борба во перо категорија дефинитивно ќе биде за титулата:

„Во моментов го правам она што требаше да го направам и по нокаутот од Махачев. Тоа секако одигра улога во поразот. Тоа е само менталитетот што го имам, никогаш не се плашам од предизвик. Она што со сигурност го знам е дека мојата следна борба во перо категорија ќе биде за титулата, сто проценти“, изјави Волкановски.

„Им кажав на УФЦ дека сакам да почекам до крајот на оваа година, десетиот, единаесетиот или дванаесетиот месец. Мислам дека целат на септември. Ако битката против Пориер се случи, тогаш ќе треба да чекам долго време за шанса за титулата во перолесна категорија. Ништо не е зацртано, но подготвен сум повторно да си го вратам појасот“, додаде тој.

Останува да видиме што точно УФЦ ќе му понуди на Волкановски. Нападот на титулата во перолесна категорија е секако нешто што тој го сака, а мечот против Пориер секако би бил огромен. Се разбира, ова зависи и од тоа дали Пориер ќе остане активен борец или сепак ќе се пензионира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON