Волкановски покажа кадри од хотелот на островот Јас (ВИДЕО)

Шампионот во лесна категорија, Александар Волкановски, се подготвува за тешка одбрана на титулата. Овој викенд ќе се бори со поранешниот шампион Макс Холовеј во главната борба на УФЦ 251 на островот Јас во Абу Даби. 31-годишниот шампион успеа да ја шокира јавноста на крајот на минатата година совладувајќи го Холовеј со одлука на судиите.

Последниве месеци, Александар не е задоволен затоа што многу фанови го потценуваат и сметаат дека неговата победа не била убедлива. Тој е непоколеблив дека ќе оствари победа со завршница за да ги отфрли сите сомнежи. Алекс е во серија од 18 последователни победи и не загубил 7 години.

Шампионот покажа снимки од хотелот на островот, каде ќе се подготвува за борба до крајот на неделава.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON