Поранешниот шампион на УФЦ, Александар Волкановски, состави листа од пет најдобри борци во историјата на организацијата.
Австралиецот со македонско потекло (од битолско), на социјалните мрежи разговараше со еден од фановите кој го замоли да направи ранг-листа. Во таа ранг-листа немаше место за непоразениот руски борец Хабиб Нурмагомедов, за Конор Мек Грегор, како и за Ислам Махачев, од кого „Александар Велики“ загуби двапати.
Волкановски смета дека поранешниот шампион во мува категорија Деметриус Џонсон е најголем борец, а на второто место го стави шампионот во тешка категорија Џон Џонс.
Во топ 5 ги смести и Жорж Сент Пјер, Андерсон Силва и Израел Адесања.