Волкановски не верува дека Топурија ќе успее да го скрши Холовеј, како што тврди

Се посериозни се гласините дека Илија Топурија (15-0) и Макс Холовеј (26-7) ќе ги одмерат силите во главната борба на УФЦ 306 во „Сферата“, а заканите меѓу нив не престануваат веќе неколку месеци. Шпанецот дури верува дека тој ќе биде првиот што ќе го нокаутира Американецот кога ќе се соочат во кафезот. Поранешниот шампион во дивизијата – Алекс Волкановски (26-4) сепак не е сигурен дека тоа е можно.

„Двајцата се одлични борци, но мислам дека Макс се докажа повеќе. Таа брада. Илија има сила во рацете и единствена шанса да победи, според мене, е ако го фати. Мислам дека нема непочитување кон него, но Макс го докажа тоа. Знаеме дека има луда гранитна брада. Ако се обложите дека ќе го скршите, со среќа! Сум се обидел многу пати, а исто така и многу други големи удирачи. Тој ја има најдобрата брада досега, ако ја мериме по неговата тежина. Ќе биде тежок натпревар за Илија“, изјави Волкановски за Мек лајф.

Австралиецот со македонско потекло забележа три многу тешки победи над Хаваецот, од кои едната дури дојде со едногласна одлука. Тој е и еден од четворицата кои воопшто успеаја да го совладаат Холовеј. Само Дастин Пориер (30-9) го направи тоа предвреме во 2012 година, кога го заврши во своето деби во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО