Волкановски му бара реванш на Топурија, ама тој сака битка со Мек Грегор на „Бернабеу“ во Мадрид

Австралискиот борец со македонско потекло, Александар Волкановски, го загуби шампионскиот појас на УФЦ во перолесна категорија, загуби од Илија Топурија, и не успеа да го урне рекордот според времетраење на поседување на титулата.

Волкановски беше уверен во победа, но му честиташе на противникот.

„Бев позитивен во текот на подготовките. Да, ме фати. Ми се чинеше дека ги видов сите негови потези, но сепак ме доби. Бев самоуверен во првата рунда и бев подготвен да го забрзам темпото, но тој победи. Се случува. Јас и мојот тим знаевме дека Илија е брз и моќен. Заврши одлична работа, честитки. Долго сум шампион во УФЦ и сакам да добијам реванш“, рече Волкановски на прес-конференцијата по борбата.

Волкановски беше шампион 1.526 дена, имаше пет успешни одбрани на појасот кој првпат го освои во 2019 година. Рекордер во оваа категорија е Хозе Алдо со 1.848 дена владееење.

Грузискиот Шпанец рече дека сака нов предизвик и приоритет му се други ривали, како и спектакуларна битка со поранешниот шампион во две тежински категории, Конор Мекгрегор.

„Време е за шоу, време е да го донесеме УФЦ во Шпанија. Конор, ако уште имаш мадиња, те чекам во Шпанија. Ти одбери во која категорија ќе се бориме, јас одбирам на кое место“, рече Топурија по борбата.

Првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, истотака е заинтересиран за борба на Топурија на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Мекгрегор последната борба ја имаше во летото 2021 година. Топурија денеска во втората рунда го нокаутира Волкановски и му го одзеде шампионскиот појас во перо категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON