Поранешниот шампион во перо категорија на УФЦ (до 65 кг) Австралиецот со македонско потекло Алекс Волкановски ги коментираше гласините за организирање борба меѓу Русинот Ислам Махачев и Грузиецот Илија Топурија, која би можела да се случи налето.
„Се борев со двајцата. Ислам е тешко да се победи. Мислам дека единствената шанса е да биде нокаутиран, а ако некој може да го направи тоа, тоа е Илија. Има опасни раце. Ќе биде опасен во првите три рунди“, рече Волкановски во интервју за Јутјуб каналот Ред корнер ММА.