Волкановски именуваше кого го смета за „ГОАТ“ во историјата на перо категорија

Александар Волкановски (26-4) според многумина е најголемиот борец во перо категорија во историјата на УФЦ и покрај поразот од Илија Топурија (15-0) на почетокот на годината и двата порази од Ислам Махачев (25-1 ), кој станаа потешки. Сепак, не се гледа себеси така и има свој фаворит за статусот The GOAT (Најголем на сите времиња).

„Другите луѓе мора да зборуваат за мене, но ако треба да именувам некого, тогаш ќе кажам Алдо, бидејќи беше шампион многу долго. Очигледно луѓето ќе не споредуваат, но да се биде шампион толку долго, понекогаш работите тргнуваат наопаку. Мора да се бориш повреден или нешто друго ќе тргне наопаку, а ако се држите така, значи располагаш со нешто. Беше многу доминантен, како шампион. Само почит за Алдо“, изјави Австралиецот со макеоднско потекло за ММА фајтинг.

Тие еднаш се сретнаа во мај 2019 година во елиминаторен меч за шампионската борба со Макс Холовеј подоцна истата година. „Александар Велики“ триумфираше и потоа започна го сопственото владеење на врвот на дивизијата.

Бразилецот беше голема ѕвезда во УФЦ во периодот 2011-2015 година. Во овој период ја освои титулата и ја држеше шест последователни борби до оној несреќен меч со Конор Мек Грегор што се чинеше дека го означи почетокот на крајот за Алдо. Сепак, легендата остана во организацијата уште неколку години пред да се пензионира во летото 2022 година. Пред неколку месеци потпиша договор за една борба за да го видиме викендов на УФЦ 301 во Рио де Жанеиро против Џонатан Мартинез (19-4).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON