Александар Волкановски и Илија Топурија ќе го предводат еден од првите големи настани на УФЦ на почетокот на следната година, а по тој повод федерацијата одржа специјална прес-конференција на која за првпат ги соочи двајцата.
Тие покажаа присебност и професионалност на сцената во Лас Вегас, иако кон крајот појавата на шампионскиот појас на рамото на Австралиецот со македонско потекло создаде одредена тензија.
Шпанецот со грузиско потекло се обиде уште таму да му ја земе титулата, но обезбедувањето навреме интервенираше и спречи метеж.
UFC 298 ќе се одржи на 17 февруари во Калифорнија. Таму ќе ги видиме и борбите меѓу: Мераб Двалишвили – Хенри Сехудо, Таи Туиваса – Марчин Тибура, Татјана Суарез – Аманда Лемос, Ентони Хернандез – Икрам Алискеров, Маркос Рожерио Де Лима – Џастин Тафа, Жан Мињан – Бренсон Рибеиноши, Јунакуни – Барлоу и Андреа Ли – Миранда Маверик.