Волкановски го откачи Корејското зомби

Шампионот во лесна категорија, Александар Волкановски, не сака да се бори со Чан Сунг Јунг.

Пред неколку дена „Kорејскотo зомби“ ја коментираше битката меѓу Волкановски и Макс Холовеј. Јунг го опиша шампионот како немилост во категоријата, откако ја одбрани титулаta со поделена одлука на судиите. Во нивната средба, Макс успеа да го сруши двапати и според многумина победи во три од пет рунди, но судиите не мислеа така.

Чан повика на борба со Волкановски и се закани дека ќе стави крај. За жал на него, Волкановски сака да се бори само со неоспорен предизвикувач и го пресече поранешниот предизвикувач за титулата.

„Веројатно Чан Јунг се обидува да рекламира битка меѓу нас, но мислам дека треба да се бори со Брајан Ортега. Мислам дека такви се плановите на УФЦ. Сакам да се борам со предизвикувачот број 1 во категоријата. Тој треба да излезе и да се бори против Ортега, а потоа сите ќе го прозиваат неговото име.

Јас ќе бидам тука и ќе го чекам. Не знам, можеби некој од пријателите на Јунг му ги пишува работите на социјалните мрежи. Еден од неговите луѓе зборураше многу, но беше нашлакан и престана да коментира. Брајан Ортега ги исшлака и престанаа да зборуваат. Веројатно им требаат повеќе шлаканици за да престанат да зборуваат“, порача Волкановски.

https://www.instagram.com/p/CCqPqoeAWwr/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО