Се уште се водат полемики кој победи во дуелот Ислам Махачев-Александар Волкановски на УФЦ 284 во Перт, Австралија, за појасот во лесна категорија. Махачев ја доби борбата со одлука на судиите.
Еден момент остави впечаток на сите, а тоа е кога Махачев го држеше заклучен Волакановски (боди триаголник), при што Александар се смешкаше и зборуваше нешто.
„Ќе правиш нешто или ќе се држиме вака“, му рекол Волакновски на Махачев кој преходно се фалеше дека ќе го прати во „длабока вода“.
Ова за Ипон.мк го кажаа луѓе блиски на Волкановски.
Всушност, Махачев осетил дека е немоќен против силниот Волакновски.
На прес-конференцијата за тој момент Волкановски рече:
„Сакав да му влезам во главата. Дури и кога ме држеше, го задевав дека не е толку силен. Му кажав работи од таков тип, а тој ми рече дека едвај преживувам. После тоа му кажав дека рече дека ќе ме заврши за 15 секунди и сега се обидува да ме одведе во длабока вода. Му кажав такви работи, да се обиде да преживее и такви работи. Немав намера да покажам непочитување, тој беше во добра позиција, па се обидов да му влезам во главата и да се извлечам“, рече Волкановски на прес-конференцијата.
И двајцата борци покажаа дека се шампиони со причина и ниту еден од нив не може да се срами од својот настап. Иако многумина очекуваа дека ќе биде лесна задача за Махачев, Волкановски сепак ја покажа главата и вештини на еден вистински шампион.