Александар Волкановски има едноставна порака до борците во перо категорија: Почнете да се борете!
Тој ја одбрани титула еднаш против Макс Холовеј на УФЦ 251. По оваа победа, сите се прашуваат кој ќе биде следен за шампионот.
„Што е, момци? Јас сум Александар Волкановски, шампион во УФЦ во перо категорија. Имам порака за сите борци во категоријата, за сите кандидати.
Стегнете се и почнете да се борeте за да заслужите местото на шампион. Нема да ви го подарат. Мора да си го земете. И ќе се сретнете со мене“.
Всушност, во 2020 година многу мал дел во перо категорија имаа битки, но тоа наскоро ќе се промени. Забит Магомедшарипов и Јаир Родригез имаат закажан меч на УФЦ 254, а Брајан Ортега и Корејското Зомби ќе се сретнат на настан во октомври.
Веројатно поатрактивниот победник во овие битки ќе биде следниот противник на Волкановски. Имаше и амбиции за трета борба со Макс Холовеј, но шампионот воопшто нема интерес за тоа.
Волканковски во моментов е во серија од 19 победи, од кои 9 се во УФЦ. Тој ја освои титулата на УФЦ 251 со победа над Холовеј, а потоа и ја одбрани, притоа уште еднаш го порази Хаваецот.