Волкановски: Да бевме иста висина со Махачев – ќе го смачкав!

По поразот од Ислам Махачев, Александар Волкановски изјави дека Русинот имал среќа што е повисок од него бидејќи да биле со ист раст, Махачев не би имал шанса. Волкановски, кој e шампион во перолесна категорија, дебитираше во лесна категорија и загуби во битката која го привлече вниманието.

„Замислете, Махачев и јас да бевме со иста величина и иста категорија. Ако Ислам беше во перолесна, не би сакал да бев на негово место. Ќе го смачкав. Тоа за мене ќе беше како прошетка во парк“, вели Волкановски.

Махачев е висок 178 сантиметри, додека Волкановски е понизок цели 10 сантиметри, а двајцата имаат по 70 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON