Полутешкашот на УФЦ Волкан Оездемир е уапсен во саботата во Флорида.
Полицијата го уапси во Форт Лодердејл и го обвини за тежок физички напад.
Тој е задржан во притвор во Бровард Каунти до сослушувањето со кауција од 10.000 долари.
Делото за кое е обвинет го товари за нанесување на тешки телесни повреди или предизвикување на инвалидитет.
Нема повеќе достапни информации.
Швајцарецот фантастично ја почна кариерата во УФЦ победувајќи ги Овинс Сент Про, Миша Циркунов и Џими Манува.
Во моментов живее и тренира во Комбат клубот во Јужна Флорида.
На почетокот на овој месец првакот во полутешка категорија Даниел Кормиер изјави дека е близу до конечниот договор за одбрана на титулата против Оездемир. Ќе видиме дали овој инцидент ќе влијае на неговата борба за титулата на УФЦ.
УФЦ се уште не коментираше неговото апсење.