Воденски и подари победа на Македонија за „11 Октомври“ (ВИДЕО)

Vodenski 11 oktomvri

Кристијан Воденски го одбележа „11 Октомври“ во борење (слободен стил) во категоријата до 27 клиограми.

Vodenski 11 oktomvri pobeda borenje

Воденски го победи Феликс Вомбахер во рамките на Ерих-Вернер-Гедехтнистурнир лига, меѓу екипата на Воденски, Грисхајм и Бишофсхајм.

Неговиот татко и тренер, Ване Воденски, вели дека во сабота Кристијан треба да настапи на Светското првенство во Хаген, Германија, во кик-бокс, во рамките на ВФМЦ-федерацијата. Бидејќи лани имаше проблеми од македонска страна, Ване помалку е загрижен дали Кристијан ќе настапи на СП, затоа Воденски чека дозвола од Македонската фајтспорт и маршалартс федерација. Ќе нагласиме дека кај нас официјално признаена федерцаија за кик бокс е ВАКО.

Да потсетиме дека Воденски со семејството живее во Офенбах, Германија, каде и што настапува во повеќе боречки спортови.

Воденски има повеќе од 50 медали, претежно најсјајните, а само неколку се сребрениод разни регионални, германски, европски и светски натпреварувања во таеквондо, кик-бокс, бразилско џиу-џицу и борење. Од неодамна тој почна да се натпреварува и во бокс, откако го исполни условот – да наполни десет години.

Погледнете како Воденски го тушира противникот за 20-тина секунди.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON