Во сабота (17 декември) во Штип ќе се одржи Меѓународниот турнир во борење „Трофеј штипски боречки асови“ на кого ќе учествуваат натпреварувачи од Бугарија, Србија, Романија, Косово, Грција и Македонија.
Се очекува 150 борачи од нашите и странските клубови. Притоа на заслужни борачи ќе им бидат доделени награди.
Турнирот го организира БК Балканец, а ќе се одржи во Спортската сала „Јордан Мијалоков“ со почеток во 11 часот.
Ipon.mk