Во сабота во Скопје ќе се одржи Меѓународниот карате турнир Гранд при Македонија во организација на КК Кизаме.
На турнирот се пријавени 758 каратисти со 1138 натпреварувачки влезови од 91 клуб од 15 држави.
Во отворените категории за кадети, јуниори и У-21 има парични награди.
Турнирот ќе се одржи во СРЦ „Борис Трајовски.