Во сабота во Радовиш се одржува Меѓународниот турнир во борење „Трофеј шампиони боречки легенди“ во организација на БК Бучим.
Турнирот е за деца, пионери и кадети и за женско борење. Се очекува да настапат околу 180 борачи од Македонија, Бугарија, Грција и Косово.
Натпреварите почнуваат во 11 часот во СРЦ „25 Мај“.