Во сабота, 31 август, на Градски плоштад во Штип ќе се одржи двомеч во борење меѓу екипите БК Олимпија од Штип и Олимпикис од Волос, Грција.
Двомечот ќе почне во 20:00 часот.
За двете екипи ќе настапат по пет борачи, односно петмина во машка конкуренција и по три борачки на возарст од 13 до 18 години.
Ова е убава презентација на борењето меѓу граѓаните, а веруваме дека штипјани ќе го исполнат плоштадот.